Зоран Николов
Објавено: вторник, 04 октомври 2005
МТВ1: Канал во изумирање. За MTVSat не праам муабет. А1/Сител/Телма/Канал 5: Не мора да се има кабловска за да се гледаат. Одлична програма, се гледа дека се вложува. Абе за наше добро е, алооо! Канал 21/Здравкин: Велешки програми со сапунски серии и вести со лош микрофон. PINK: Најпрофитабилна цицкогена и курвособирна телевизија на Балканот. BK: Пустите ме ове ночи да се напијем Пустите ме ове ночи све да разбијем BN: Интервју со еден дечко за тоа како црвите се размножувале во нивната лабораторија. Еквивалент на МТВ1. Планет: Спот со еден бугарски сељак како цепе дрва и изгледа пее, а у позадина има изобилие од цицки и газови. Fashion TV: Ништо ново, сите манекенки кон бесконечноста. MTV: Лидер во музичкиот невкус со 50Cent, Beyonce, Kylie, J Lo. VH1: Ако нема вакви канали, ќе почнам да пијам. Rai Uno: Не можам ни да замислам како тоа каубојци зборуваат италијански, а устата не им се мрда. TVEspana: По правило ја прескокнувам оваа програма од разбирливи причини - некомпатибилност на јазикот со мојот слух. Orbit ESPN: Во терминот на NBA финалето, тупациве даваат ретроспектива за рагби тимот од ’76 што станале шампити... овај шампиони. TV Shop: Бидете и вие дел од магијата наречена купување од фотелја! Пробајте го новиот учкур за ѕиври што сам се врзува по цена од само 5999 ден. Ако се јавите во следните 10 минути, ќе добиете и две рала ѕиври, и тоа гратис! DSF: Ако нема спорт, тогаш значи дека сте поминале полноќ и младите моми стенкаат на телефон. TRT: Турска, активна 1,6 – 2 секунди (оти притискам на нареден канал). Cinema City/Super Movies: Стално фаќам некој гледан филм од пола. Hallmark: Вакви филмови не ни гледам. Cartoon Network: Нездрави цртани. Го нема социјалистичкиот Мечето Ушко. TV5: Француски канал, не сум фатил ништо интересно (и да било, не сум разбирал). Animal Planet: Нешто веќе интересно: како лавот го фаќа малото срнче и го јаде (а и на другарите ќе даде). Discovery Channel: Занимливости за заспивање. CNN: Стално се на Breaking News или Exclusive. РТР Планета: Руски без концепција. Chasse & Peche: Рибари, стари другари. И тоа по цел ден. DW/SAT ајнц: Хилфе Штрасе бите!!! ERT sat: Грчка.
Tweet |